Германска хуманитарка киднапирана во Кабул, потврди авганистанската полиција

Од:

Една германска хуманитарка е киднапирана во Кабул, изјави денеска претставник на авганистанската полиција, пренесува БТА.

Заменик началникот на полицијата во Кабул, Ѓул Ага Рохани, соопшти дека жената била грабната утринава од двајца вооружени напаѓачи, кои го запреле нејзиниот автомобил.

Идентитетот на жената не се соопштува, но се наведува дека таа работи за германската владина хуманитарна агенция ГИЦ (GIZ).

Засега нема коментар од германската Влада или од претставник на хуманитарната агенција во Кабул, ниту од германското Министерство за надворешни работи или од агенцијата во Берлин.

Во последните месеци дојде до нагло влошување на безбедноста во Кабул, откако талибанците ја засилија својата борба против Владата.

Германски хуманитарен работник во мај беше спасен по шест недели минати во заробеништво.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: И пукал во глава на бремената сопруга, потоа ранил уште тројца – хорор во Германија

ВИДЕО: Поплави во Германија, жители на баварски град евакуирани со хеликоптер

Од денеска Македонците полесно до работа во Германија

ВИДЕО: Политичар и полицаец избодени со нож во Германија

Шолц попушти: Украина може да користи оружје од Германија на руска територија

Катерина Ѓуровски

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија