МОСТ: Пропорционален модел со отворени листи, суспендирање на дијаспората на овие избори

Од:

Граѓанската асоцијација МОСТ како набљудувач во изборниот процес, смета дека преговорите за реформа на истиот мора да ги земат предвид меѓународните стандарди и компаративните искуства за изборите. Токму во таа насока МОСТ, денес одржа прес конференција на која го промовираше документот „Препораки за реформа на изборниот процес.“

Препораките кои се подготвени врз база на 13-годишното искуство на Граѓанската асоцијација МОСТ се однесуваат на изборниот систем, гласањето во стрнаство, Државната изборна комисијa, избирачкиот список,донациите што медиумите ги даваат на одредени политички партии.

МОСТ предлага изборен модел со отворени листи, каде освен за политичкиот субјект ќе може да се гласа и за кандидатите од листата.

Пропорционалниот изборен систем со отворени листи на граѓаните им дава можност покрај гласот кој го даваат за политичката партија да гласаат и за поединечните кандидати од листата на таа партија. Со тоа тие можат директно да влијаат на распоредот на кандидати на листата предложен од политичките партии, велат од МОСТ.

Со тоа според МОСТ кандидатите ќе бидат помотивирани во исполнувањето на ветувањата на граѓаните, точно ќе се лоцира одговорноста и ќе се добијат поквалитетни кандидати.

Во однос на гласањето во странство од МОСТ бараат да се ревидира системот за гласање во странство, со оглед на нееднаквата можност за остварување на правото на глас и нееднаквоста на гласот во РМ и во странство. Од таму предлагаат за следните избори да се суспендира гласањето во странство по што би се отворила широка дебата за идните решенија.

Од МОСТ предлагаат да се преиспита начинот на избор на членовите на Државната изборна комисија, да се појаснат одредбите во Изборниот законик во врска со изборот на членовите на ДИК, како и да се елиминира можноста членовите на изборните органи да гласаат воздржано.

За избирачкиот список се посочува на решението- детална теренска проверка на податоците во Избирачкиот список, во согласност со заклучоците на Работната група за проверка на Избирачкиот список, но и да се разгледаат алтернативни решенија за ажурирање и водење на Избирачкиот список, како на пример активна регистрација на гласачи.

Според МОСТ мора да се регулира и кои дејствија се дозволени во периодот од распишувањето на изборите до потврдувањето на кандидатските листи. Од таму бараат и да се предвиди рок во кој треба да се затворат финансиските сметки за изборната кампања
затоа што непостоењето на ваков рок може да создаде проблеми при ревизијата на финансиските извештаи.

Се прелага и да се преиспита можноста медиумите да даваат донации за политичките партии преку овозможување на попусти во платеното политичко рекламирање, затоа што на овој начин се заобиколува правото на учесниците во изборниот процес на рамномерен пристап во платеното политичко рекламирање, како и да се воведе одредба со која ќе се предвиди дека стоките и услугите коишто се фактурирани, а до денот на поднесувањето на конечниот финансиски извештај не се наплатени, ќе се сметаат за донација.

Би можело да ве интересира

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар