ЛДП: Продолжува притисокот врз независните медиуми во Р. Македонија

Од:

Либерално-демократската партија е загрижена од односот на владата кон домашните приватни компании, особено по последните кривични пријави врз сопствениците на АД “Макпетрол“ Скопје.

„Прашуваме: зошто после 9 години владеење, МВР, дури сега, во пресрет на предвремените парламентарни избори, поднесува кривични пријави против “Макпетрол“ АД и фирмата “Оилко“ КДА, во чија сопственост е и телевизијата Телма?

За потсетување, на ист начин се реализира акцијата за затворање на А1 телевизија, а забележлив беше и притисокот со закани за кривични пријави врз сопствениците на АД “Фершпед“, што резултираше со подоцнежната багателна продажба на телевизијата Алфа, која подоцна стана силен поддржувач на владините политики. Да не ја заборавиме и актуелната постапка за одземање на националната концесија на радио мрежата “Канал 77“.

Повеќе од очигледна е нервозата на ВМРО – ДПМНЕ, во пресрет на претстојните предвремени парламентарни избори и нивниот обид да се замолкне секое критичко мислење од страна на медиумите и на јавноста.

ЛДП го повикува меѓународниот фактор будно да ги следи настаните во државата и да не дозволи договорот од Пржино да стане нова тоалетна хартија“, соопштуваат од ЛДП.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март

Зајкова: Целосна поддршка за „Сејф Сити“ од мене како пратеничка и од ЛДП

А1он