Најмладиот син на поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи, Хамис, бил убиен за време на судирите во градот Бани Валид, едно од последните упоришта на Гадафи во Либија, соопштија либиските власти на првата годишнина од убиството на неговиот татко.
Во соопштението на Либискиот национален конгрес се наведува дека 28-годишниот Хамис е убиен „во борба“, без да бидат објавени повеќе детали.
Неговото тело наводно било пронајдено по жестоките судири меѓу силите лојални на Гадафи и вооружените сили на новата власт во Бани Валид.
Хамис Гадафи, кој многупати е прогласуван за мртов, е познат како еден од најтврдокорните синови на поранешниот либиски лидер.
За неговото вчерашно убиство засега нема докази.