Пакистанскиот премиер и министер за надворешни работи Наваз Шариф ќе го посети Њу Делхи на 23 август, на нова рунда безбедносни разговори.
– Можам да потврдам дека (Шариф) ќе ја посети Индија на 23 август, изјави на денешната прес-конференција советникот за надворешна политика на пакистанскиот премиер, Сартај Азиз.
Шариф и индискиот премиер Нарендра Моди се договорија за нов круг разговори при нивната средба во Русија минатот месец.