Вака ја подготвува рибата познатиот светски готвач Гордон Рамзи …
Потребно е:
150 гр лосос за едно лице
морска сол
за салатата:
по 3 мали сварени компири по лице
1 мала конзерва туна во солило
4-6 млади кромидчиња
1 полна лажица ситно сецкан свеж магдонос
за преливот:
2 лажици маслиново масло
1 лажица вода
1 лажица сок од лимон
морска сол и бибер
Подготовка:
– Парчињата лосос измијте ги и исушете ги. Кожата на рибата засечете ја околу 1/2 см во длабочина, заедно со месото на рибата. Парчињата риба убаво посолете ги од сите страни и оставете ги на страна.
– Преминете на подготовка на салатата. Сварете ги компирите со лушпа, исцедете ги од водата и оставете ги да се изладат. Излупете ги.
– Во подлабок сад на рингла ставете малку маслиново масло, загрејте го и ставете ги целите компири да се запржат. Превртете ги неколку пати. Со вилушка грубо иситнете ги.
– Додадете ги ситно сецканите млади кромидчиња, исецканиот магдонос, иситнетета туна од конзерва и убаво измешајте.
– Во помал сад сипете ги сите состојки за преливот и убаво изматете со вилушка. Добиениот прелив прелијте го над салатата, измешајте и додадете сол и бибер по вкус.
– Во тава на рингла ставете малку маслиново масло и убаво загрејте го. Ставете ги парчињата лососсо кожата од долната страна и пржете ги 4-5 минути. Потоа превртете ги од другата страна и пржете ги уште 1-2 минути. Внимавајте да не ги пресушите.
– На чинија сипете прво од топлата салата од компири, над салатата ставете парче лосос, прелијте со малку од преливот од салатата и веднаш послужете.