Швајцарски алпинист за 62 дена освоил 82 врвови

Од:

Швајцарскиот алпинист Уили Стек за 62 дена успеал да се искачи на 82 алпски врвови, сите со височина од над 4.000 метри.

– За мене ова беше многу убаво искуство. Едно многу убаво патување, изјави 39-годишниот алпинист.

Стек имаше за цел да ги освои сите врвови за помалку од 80 дена во експедиција без користење на моторни средства при патувањето од еден до друг врв, освен со велосипед и пешки. Последната етапа беше искачувањето на врвот Екрин на надморска нисочина од 4.102 метри.

Проектот „82 врвови“ Стек го започна на 11 јуни, но патувањето по врвовите беше пропратено со трагичен настан, кога еден од неговите придружници, норвешкиот алпинист Мартијн Сеурен загина при освојувањето на Мон Блан на 23 јули.

Имено, 32-годишниот Сеурен, падна во бездна длабока 300 метри при преминот на еден глечер на надморска височина од околу 3.900 метри.

Стек во 2014 година ја доби меѓународната награда „Златен копач за мраз“, воведена во 1991 година од ревијата „Монтањ Магазин“ и Групата „От Монтањ“, поради неговото искачување од јужнаѕа страна на врвот Анапурна, висок 8.091 метри, за 28 часа. Искачувањето на овој врв од неговата јужната страна, важи за едно од најпроблематичните на Хималаите.

Швајцарецот го освои Анапурна, опремен само со јаже и шише за вода, без ранец. Сепак, неговиот подвиг беше оспоруван, бидејќи не донесе потврда за освојувањето на врвот.

Во 2008 година Стек направи друг подвиг, освојувајќи ја стрминаната висока 1.200 метри на Гранд Жорас во масивот на Мон Блан за само два часа и 21 минута. За класично искачување на овој врв во просек се потребни по два дена.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска