(ВИДЕО) Локвенец: Груевски непожелна личност во Прилеп

Од:

„Премиерот во заминување, Никола Груевски, го посети Прилеп, но што им понуди на прилепчани?

Свесен за лажните ветувања за наводни странски инвестиции со наводни илјадници работни места во слободната економска зона кај Алинци, избра да зборува за изградба на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид“, рече на денешната прес конференција Хари Локвенец.

„Кога веќе зборува за патишта, Никола Груевски редно беше да се изјасни за скандалот со корупција и провизија од 25 милиони евра за изградба на автопатите, споменати во аудио снимките и доказите кои СДСМ ги изнесе во јавноста.

Со 25 милиони евра може да се отворат илјадници работни места за младите во Прилеп и да се реши најголемиот проблем во нашиот град – невработеноста.

Во Прилеп, поконкретно во населбите Тризла 2, Рид и Варош, се уште има улици без канализација и асфалт и сето тоа може да реши со многу помалку од 25 милиони евра.

После 9 годишно криминално владеење и сите афери во коишто е вплеткан, Никола Груевски, очигледно е непожелна личност, не само за граѓаните на Прилеп, туку и за партиското членство на ВМРО-ДПМНЕ.

Вчерашната посета на Груевски на Прилеп, помина без видливо присуство на пратениците од оваа партија, Стевананџија и Лашкоска, а не се појави ниту Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Димески. Не го видовме ниту поранешниот директор на железничкиот транспорт, Оливер Деркоски, а уште помалу и поранешниот министер за транспорт и врски, прилепчанецот, Миле Јанакиески, иако Груевски зборуваше за реконструкција на железничката станица во Прилеп.

Бидејќи Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се покажаа како врвни мајстори во неавторизирано копирање на туѓи проекти, еве им нудиме еден од многуте веќе објавените проекти од програмата на СДСМ, проектот „Македонија без кал“.

За споредба, овој проект ќе значи суштинско решавање на инфраструктурните проблеми во патната мрежа во населените места на државата, а може да се реализира само со една десетина од средствата за Проектот Скопје 2014“, изјави Локвенец.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела