Сељими: Косово не испрати барање до ОН за прием во УНЕСКО

Од:

Косовскиот заменик-министер за надворешни работи Петрит Сељими ги демантира тврдењата на шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ дека Обединетите нации го одбиле приемот на Косово во УНЕСКО.

– Не е одбиено барањето на Косово од страна на ОН, бидејќи Косово не ни испрати барање до ОН. ОН одбија да бидат посредник во комуникацијатра меѓу Париз и Приштина, што отвори нова врата за директна комуникација меѓу Косово и УНЕСКО. Нема ниту најмал сомнеж дека барањето на Косово ќе биде разгледувано во Извршниот комитет во октомври, истакна Сељими за Радио Слободна Европа на албански јазик.

Тој посочи дека изјавата на Дачиќ е апсолутно неточна и оти Србија „се обидува да врши пропаганда за да ја замагли ситуацијата.

Дачиќ за весникот „Блиц“ изјави дека ОН вчера „не го прифатиле барањето на Косово за членство во УНЕСКО“.

Тој истакна дека Организаицјата на ОН за образование, наука и култура (УНЕСКО) нема да добие предлог од централата на Светската организација да се расправа околу барањето на Косово, но предупреди дека тоа е само прв чекор.

– Сега може да се очекува Косово директно да му се обрати на УНЕСКО со барање за прием, нагласи шефот на српската дипломатија.

Весникот пишува дека дипломатската борба дефинитивно не е завршена, бидејќи може да се случи некоја трета земја во име на Косово да го достави ова барање пред Извршниот совет на УНЕСКО.

Барањето на Приштина не е согласно мандатот на УНМИК, кој се придржува кон Резолуцијата 1244 на ОН, се наведува во образложението на Светската организација во врска со предлогот Косово да биде примено во членството на УНЕСКО.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина