Царски колач

Од:

Колач препишан од куварот на баба ми …

Потребно е:
600 гр брашно
2 јајца
50 гр путер
8 гр свеж квасец
150 гр шеќер
250 мл млеко
кора од лимон
1 ванилин шеќер

за премачкување:
300 гр џем од кајсии или шипки
10 гр какао во прав
100 гр шеќер
200 гр мелени ореви

и уште:
50 гр сецкани ореви
2-3 лажици џем од кајсии или шипки

Подготовка:
– Во еден сад ставете го топлото млеко со едно лажиче шеќер (кое ќе го земете од оние 150 гр) и оставете го да нарасне.

– Изматете го путерот со 1 лажица шеќер (одземете ја од оние 150 гр). Додадете ги јајцата и убаво изматете, а потоа додадете го стасаниот квасец. На крај додадете го и брашното и замесете меко тесто.

– Тестот поделете го на 4 дела и формирајте ги како топки.

– Калапот со величина 34х22 см премачкајте го убаво со путер.

– Првата топка тесто убаво растенчете со димензии како тие на калапот и ставете ја на неговото дно.

– Џемот од кајсии измешајте го со какаото, а мелените ореви со шеќерот. Со 1/3 од џемот премачкајте ја кората во тавата и посипете со 1/3 од смесата со ореви и шеќер. Истата постапка се повторува и со другите две кори. Последната кора не ја премачкувајте со ништо.

– Вака подготвениот колач ставете го да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени 30-40 минути или додека благо не порумени.

– Печениот колач превртете го така што горната страна сега да биде од доле. Врелиот колач премачкајте го со 2-3 лажици џем, посипете со сецкани ореви и оставете да се излади. Исечете го на коцки и послужете.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска