Либискиот премиер најави дека ќе поднесе оставка

Од:

Либискиот премиер Абдулах ал Тани изјави во телевизиско интервју дека поднесува оставка откако слушнал критики од граѓаните за неефикасност на неговиот кабинет.

– Официјално поднесувам оставка и ќе ја доставам до Парламентот в недела, истакна Ал Тани за телевизијата Канал Либија.

Веднаш по ваквата изјава на либискиот премиер, неговиот портпарол Хатем ал Араиби ја отфрли информацијата дека Ал Тани официјално поднесува оставка.

За време на интервјуто Ал Тани се налутил кога водителот му поставил прашања од гледачи кои упатуваат критики до Кабинетот поради небезбедноста во Либија и непомагање на луѓето кои ги напуштиле своите домови поради ситуацијата во земјата.

Прашан што ќе направи доколку се организираат протести против него, тој одговорил дека нема потреба од собири, бидејќи ќе поднесе оставка од функцијата.

Либија има потреба од гориво и лекови, а безбедносната ситуација се повеќе се влошува.

Владата на Ал Тани, која е меѓународно призната, пред една година замина од Триполи, кога вооружена исламистичка група презеде контрола врз главниот град и формира алтермативни парламент и влада.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски