СДСМ Прилеп: Груевски да одговори за провизијата од 25 милиони евра

Од:

„Во недостиг на некаков сериозен проект за справување со рекордната невработеност и сиромаштија во Прилеп, Никола Груевски, денес, пред прилепчани зборуваше за прогресот во изградбата на автопатите Кичево – Охрид и Скопје – Штип.

Граѓаните не забораваат и се уште чекаат одговори од Никола Груевски за корупцијата во тендерите за изградбата на патишта и провизијата од 25 милиони евра, спомената во аудио снимките и доказите што ги објави СДСМ.

Прилепчани се целосно свесни за криминалното владеење на Владата на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски. Токму затоа ваквите популистички посети на премиерот во заминување, поминуваат тивко, во мачна атмосфера и без поддршка од граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ Прилеп.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

(ВИДЕО) Кузеска: Обвинителството да отвори истрага за кинеските пари од унгарскиот кредит

Горан Наумовски

Мицкоски: Загрижен сум за здравствената состојба на поединци во актуелното раководство на СДСМ