Мрачните страни на патувањата за кои никој не зборува

Од:

Медиумите, особено социјалните, прават животот на светскиот џет-сет на крилата на авионите да изгледа многу погламурозно, отколу што навистина е, наведуваат научниците од Универзитетот во грофовијата Сари во Англија.

Фотографиите на Фејсбук така ги покажуваат поминатите километри, места на претстој и посетените туристички атракции, но реалноста е дека секое патување носи одредена доза на анксиозност, го пореметува природниот ритам на организмот и ја дели личноста од семејството и пријателите, пишува „Хафингтон пост“.

– Навистина е фасцинантно како сите негативни особини на патувањата воопшто не се споменуваат. Не забележав дека на Фејсбук кој било некогаш дискутирал за проблемиите на патувањата, наведува Стефан Гослин, еден од научниците.

Во оваа студија опфатени се сите видови претходни истражувања кои за предмет на изучување ги имаат честите патувања.

Од медицинска гледна точка, честите патувња носат зголемен ризик од излагање на зрачење и непрекинат џет-лег синдром, додека другите истражувања укажуваат на тоа дека родителите кои најчесто се отсутни имаат многу поинаков однос со своите деца, од луѓето чија работа не вклучува чести патувања.

– Луѓето кои секогаш се во „движење“ исто така потешко се врзуваат за места и се поистоветуваат со луѓе заради константната претерана изложеност на новите стимуланси, односно опкружувањето, наведува Гослинг.

Но тоа, врз основа на приложенот на Инстаграм, никогаш не би го помислиле.

Социјалните мрежи овие личности ги наведуваат на тоа својот идентитет го засноваат на тоа колку често и каде патувале. Фејсбук, на пример, вклучува мапа на сите посетени локации и градови каде корисникот живеел. Ако на тоа се додаде и фото-албум особено прилагоден на оваа опција, испаѓа дека се велича способноста на покривање на големи далечини за кусо време, наведуваат Гослинг и неговите колеги.

Како и да е, патувањата имаат многу добри страни, но треба да се потсетиме дека често се напорни и ако се долготрајни, можат да го нарушат здравјето.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска