Сангриа

Од:

Сангриа е ароматично пунч вино базирано на овошје типично за Шпанија, Португалија и Аргентина. Тоа обично се состои од црвено вино, сецкано овошје, шеќер, мала количина алкохол и сода вода. Сецканото овошје вклучува: портокал, лимон, лимета, јаболко, праска, диња, ананас, грејпфрут, киви или манго.

Сангриата го добила името по шпанскиот збор “sangre” што во превод значи крв, поради својата типична темно црвена боја.

Сангриата се служи во цела Шпанија и Португалија во текот на летото. Често се служи со дрвена лажица. Во некои земји може да се купи и флаширана сангриа.

Овој оригинален рецепт се подготвува за 6 чаши.

Потребно е:
1/2 чаша бренди
1/4 чаша сок од лимон
1/3 чаша сок од портокал
1 шише (750 мл) суво црвено вино (Каберне совињон, Мерлот…)
1 јаболко, сецкано на коцки
1 лимон, сецкан на тркалца
1 портокал, сецкан на тркалца
1 лимета, сецкана на тркалца
2 лажици кафеав шеќер
400 мл газирана минерална вода

Подготовка:
– Во еден подлабок стаклен сад ставете го сецканото овошје. Одозгора посипете го со шеќерот и измешајте убаво. Оставете да отстои 1 час.

– Потоа во садот додадете го виното, брендито и сокот од лимон и портокал.

– Непосредно пред да ја послужите сангријата, во садот додадете ја и минералната вода. Можете да ставите и неколку коцки лед ако претходно не сте го изладиле виното.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска