Ал нусра фронт, огранок на Ал Каеда во Сирија соопшти дека го напушта фронтот против Исламска држава во Алепо и го отстапува на другите бунтовници.
Ал нусра фронт го критикуваше и турско-американскиот план за оддалечување на ИД од подрачјето на сириско-турската граница, наведувајќи оти тоа повеќе е во корист на „турската национална безбедност“ отколку на борбата против претседателот Башар ал Асад.
Ал нусра фронтот е непријател на ИД, а нејзиното упориште во северна Сирија претставува проблем за кампањата предводена од САД проти ултра тврдокорните групи.