Британски специјалци во тајна мисија во Сирија со американски униформи

Од:

Британски војници од единицата за специјални операции (САС) учествувале заедно со Американците, во тајна мисија за да се најде и убие командантот на џихадистите од Исламска држава (ИД) Абу Сајаф, длабоко во внатрешноста на Сирија-открива лондонски „Дејли телеграф“.

Операцијата е извршена на почетокот од оваа година, а Британците носеле униформи на американските специјални сили, кога биле спуштени со падобрани од авион, во реонот на Деир ел Зур.

Ниваната задача била да го најдат и лоцираат, а потоа и да го шпионираат овој командант на ИД, задолжен за менаџирањето со богатиот бизнис на џихадистите на „црниот пазар„ на нафта и гас, што на групата и обезбедува пари за вооружување и за спроведување на операциите.

Припадниците на британскиот САС го откриле Сајаф, го лоцирале местото каде престојува и обезбедиле детали за фортификацијата на целиот реон и сето тоа им го предале на американските специјални сили.

Според весникот, подоцна уследила операцијата на Американците, со бомбардирање на населбата во која живеел и со упад на 50 тешко вооружени специјалци од единицата Делта Форс.

Во оваа операција, Абу Сајаф бил убиен, неговата сопруга била заробена, а специјаците ги ослободиле сите заробени жени од заедницата на ирачките Језиди кои како робинки работеле кај ИД.

Други 15 џихадисти биле убиени, а во редовите на американските и британските специјалци, немало повредени, или загинати војници.

Министерството за одбрана во Лондон, денеска одби да го коментира откритието на „Дејли телеграф“. Претставник на Министерството само изјави дека тие никогаш не ги коментираат операциите на специјаните сили на армијата.

Претходно, премиерот Дејвид Камерон ветуваше дека нема да има Британци во било какви копнени операции на сириско тло и тврдеше дека припадниците, а САС се уште се подготвуваат за да евентуално се вклучат во некоја мисија против ИД.

Би можело да ве интересира

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on