Како може да влијае на Турција иранската зделка?

Од:

Хуриет дејли њуз – Истанбул

Атомскиот договор помеѓу шесте светски сили и Иран, кој беше потпишан минатиот месец, ја става Турција во тешка позицицја. Од една страна, исламската република е сосед кој овозможува широки економски и енергетски можности. Од друга, таа е закана која се заканува на регионалните интереси на Турција. Меѓународните санкции врз Иран и овомзожија на Анкара да извлече корист и од двете страни. Турција не само што имаше корист од ограничениот воен капацитет на Иран, таа ја искористи и екномската изолација на Техеран за да купува ефтино нафта од него.

Истовремено, иако јавно се спортивставуваше на санкциите Турција сепак се радуваше на прилично топлите односи со Иран. Тие врски сега веројатно ќе бидат значително помалку пријателски.

Првиот коментар на турскиот министер за надворешни работи Мевлут Давутоглу за договорот беше за „директниот позитивен ефект“ со кој укинувањето на санкциите за Иран ќе ги има врз Турција.Додека европски компании се редат во редици за да влезат на иранскиот пазар турскиот бизнис очекува приоритетен достап како награда за државните и приватните заложби на Турција против санкциите. Иранскиот амбасадор во Турција, Али Реза Бикдели, веќе ја разоткри подготвеноста на неговата земја да ги продолжи подобрите можности со Турција отколку со западот. Со преференцијалниот трговски договор кој влезе во сила во јануари, Турција сега се надева двостраната трговија да достигне 50 милијарди долари – што е пораст за 20 милијарди долари во однос на минатогодишната цел и над три пати повеќе во споредба со досегашните 14 милијарди долари. Турција исто така планира да го зголеми увозот на нафта од Иран и да ги поврзе иранските наоѓалишта на гас со својот Трансанадолски гасовод (Танап).

Всушност само еден економски активен Иран може толку да не е во интерес на Турција како што изгледа. Под режимот на санкциите Техеран стана зависен од турски инвеститори, бизниси и банки. Веднаш штом санкциите ќе бидат симнати Турција може да ја загуби таа привилегија и може да биде истуркана со влегувањето на Иран во светската економија по годините на изолација. Турската економија е силно зависна од странските инвестиции кои веќе опаѓаат заради политичката нестабилност и војната во соседна Сирија. Изедначувањето со гладниот за инвестиции Иран сега ќе го направи дури и потешко привлекувањето на инвеститори. Како што пишуваше во еден турски наслов по потпишувањето на договорот, „Вратата на можностите се отвара, огромниот сопреник се буди“. Накратко, економскиот раст на Иран може да дојде на сметка на Турција.

Покрај тоа, еден закрепнат на политички и воен план Иран може да биде катастрофален за турските регионални интереси. Откако на почетокот ги поздрави економските перспективи од атомскиот договор, Давутоглу го повика Иран „да ја остави настрана својата секташка политика“ и да ја преразгледа својата надворешна политика. Тоа беше повеќе критика под маската на поддршката од страна на Иран за тероризмот и дестабилизирачката политика во Сирија, Ирак и Јемен – трите вовлечени во конфликти и тероризам. Само пред четири месеци претседателот Реџеп Таип Ердоган јавно прозборе против Иран, и го обвини дека се обидува да „владее“ во регионот. Тој изблик го одразува догогодишното незадоволство на Анкара од секташката политика на Техеран и Иран во Сирија, додека Турција застана на страната на сунитското малцинство во Ирак и бара отстранување на Асад од Сирија.

Во телефонски раговор со Ердоган минатата недела, иранскиот претседател Хасан Рохани подвлекол дека Анкара и Техеран сега можат да соработуваат за да спотигнат „взаемно корисни решенија“ на Блискиот исток. Но со околу 150 милијарди долари ставени на располагање по симнувањето на санкциите Иране малку веројатно да се откаже од своите регионални интереси. Асад веројатно ќе добие пари, како и шиитските милиции во Ирак, а да не спомнуваме редица други дестабилизирачки сили.

Турција веројатно исто нема да се откаже од своите регонални интереси. Не само затоа што Ердоган (кој има уште четири години од својот претседателски мандат) искажува лична анимозност кон Асад, туку и затоа што врските на Анкара со Слободната сириска армија која вклучува и туркменски бунтовнички групи, се задлабочуваат. Анкара смета дека Асад им помага на курдските сириски групи кои се сојузници со сопствените курдски сепаратисти, во обид да се поткопа територијалната целовитост на Турција.

Освен тоа во март Турција официјално се приклучи кон водената од Саудиска Арабија кампања против поддржаните од Иран хуси во Јемен. Тоа е доста некомотна позиција за Анкара особено додека се обидува да извлече финансиска корист од отварањето на иранската економија. Всушност финансиские врски со Иран може да дојдат на сметка на нејзините односи со Персискиот залив. И обратно, нејзината регионана соработка со заливот особено каква што е иницијативата против Асад во Сирија, може да ја чини иранскиот пазар.

Турција е вклештена помеѓу две регионални сили кои сега се насочуваат кон секташки судир. Додека зближувањеето на Иран со западот се засилува, една од вознемирените Саудиска Арабија можеби ќе го зголеми притисокот врз Турција целосно да се наклони кон сунитскиот блок во она што се исцртува како регионална секташка битка. На сличен начин еден посмел Иран веројатно помалку ќе се колеба да се закани со повлекување на својата енергија од Анкара, ако Турција се покаже како многу блиска до саудискиот камп.

Ако се има во предвид дека голем дел од санкциите врз Иран се очекува да бидат намалени со потпишувањето на атомскиот договор, Турција нема многу време да се преориентира, и каков и курс да зазема тој нема да биде лесен. Пред Анкара, која не сака да се предаде на иранското влијание, не е сигурна како да балансира меѓу регионалните сили и не може да ги ризикува нејзините економски инвестиции, стојат многу предизвици.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Прва реакција на врховниот лидер на Иран: „Одете си од регионот“

Катерина Ѓуровски

Израел ќе му се одмазди на Иран за нападот, протекоа детали од планот

Катерина Ѓуровски

Пад на Волстрит поради Иран и Израел, пораснаа акциите на производителите на оружје

ВИДЕО: Хезболах тврди дека погодил воени позиции и касарна, Израел признава “инцидент“ во северниот дел

Катерина Ѓуровски