Реакција на ЛДП за нападите врз европратеникот од АЛДЕ групата, Ханс ван Бaален

Од:

„Либерално-демократската партија ги отфрла тврдењата на провладините “експерти“, кои имаат за цел да го оцрнат европратеникот, Ханс ван Баален. “Експертите“, како вистински граѓани на оваа држава, би требало да побараат одговорност од владата за незаконското прислушување на над 26.000 граѓани и да покажат почит, наместо девалвирања, кон европските пријатели на Македонија.

Холандскиот европратеник, Јоханес Корнелиус Ван Баален, во повеќе наврати ја искажа својата искрена поддршка кон Македонија. На завчерашната прес-конференција, Ван Баален се обрати кон јавноста нарекувајќи ја Македонија со уставното име, исто како македонскиот јазик и граѓаните. Воедно, Македонија е признаена под официјалното име и од матичната група на Ханс ван Бален во Европскиот Парламент, групата на Либерали и демократи.

Дополнително, би сакале да појасниме дека споредбите со Асанж и со Сноуден, во најмала рака, се неиздржани. Имено, во случајот со Џулиен Асанж, не станува збор за незаконско прислушување, напротив – се работи за објавување на доверливи информации и државни тајни, додека Едвард Сноуден е обвинет за оддавање на државни тајни.

Двата случаи се во целосна спротивност со тврдењата на опозицијата и објавените разговори од страна на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на кои јасно и недвосмислено се слушаат криминалите и нанесените неправди врз македонскиот народ, од никој друг туку од врхушката на ВМРО – ДПМНЕ“, велат од ЛДП.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања