Фино, ароматично и меко парче месо …
Потребно е:
1 кг каре месо (говетско или свинско)
250 гр крем сирење
50 гр исчистен и измиен спанаќ
2-3 печени пиперки
белиот дел од 1 страк праз
2 чешниња лук
250 гр печурки, по избор
500 гр тенко сечена димена сланина
мелен сув зачинсол, бибер
лук во прав
мешавина од италијански зачин (босилек, оригано, мајчина душичка, рузмарин)
1 лажица ситно сецкан свеж магдонос
1 лажица путер
1 лажица масло
Подготовка:
– Месото измијте го, исушете го и исчистете го од жилите. Со остар нож расечете го по должина за да добиете една голема шницла. Со дрвен чук исчукајте го месото. Внимавајте да не го искинете затоа што месото е многу меко. Зачинете го од двете страни.
– Завиткајте го во пластична фолија и оставете го да стои во фрижидер барем еден час.
– Шампињоните измијте ги убаво и исецкајте ги на тенки листови.
– Во тава на рингла ставете 1 лажица масло и 1 лажица путер и ставете го исецканиот праз. Динстајте додека да омекне.
– Потоа додадете ги ситно сецканите печурки и сецканото лукче и динстајте додека не испари течноста што ќе ја пуштат печурките. Зачинете по вкус и додадете го ситно сецканиот свеж магдонос. Измешајте и оставете да се излади.
– На пластична фолија наредете ги парчињата сланина така да нема растојане межу нив, треба да се преклопуваат на краевите.
– На сланината ставете го месото така да ја покрие сланината.
– Месото рамномерно премачкајте го со крем сирењето, над крем сирењето наредете ги листовите спанаќ, над спанаќот испечените и исчистени од семки пиперки. На крај над пиперките распоредете ги издинстаните печурки.
– Со помош на пластичната фолија замотајте го карето како ролат и извадете ја фолијата.
– Каре ролатот ставете го во тава за печење и покријте со хартија за печење. Ставете да се пече во загреана рерна на 175 целзиусови степени околу 45 минути. Внимавајте да не го препечете месото. Ако сакате сланината да биде крцкава, последните 5 минути од печењето зголемете ја температурата на 200 степени.
– Печеното месо извадете го од тавата, ставете го на чинија за сервирање, покријте го со алуминиумска фолија и оставете да се одмори околу 15-тина минути.
– Исечете го на парчиња и послужете со пире од компири, како гарнир и зелена салата.