Двајца џихадисти кои тврдат дека се припадници на Исламска држава, упатија закани до Германија и Австрија во снимка поставена денеска на интернет. Закани се упатени и до германскиот канцелар Ангела Меркел.
Во ретка порака на германски јазик тие ги повикуваат своите браќа и сестри во Германија и Австрија да им се придружат во Сирија или Ирак или да извршат напади врз „неверниците“ во татковината.
На 5-минутната снимка двајцата мажи убиваат со пушки двајца заробеници кои се врзани во древнот сириски град Палмира, заземен од ИД во мај.