Тетовски ќаји

Од:

Ако сакате тесто и пецива задолжително направете ги овие тетовски ќаји …

Потребно е:
600 гр брашно + 50 гр за посипување на тестото
250 мл кефир
125 мл топла вода
1 лажиче шеќер
10 гр сув или 25 гр свеж квасец
3 лажици масло
1 лажиче сол (или по вкус)

за преливот:
4 јајца
100 гр фета сирење, издробено
125 мл кефир или течен јогурт

и уште:
100 мл масло

Подготовка:
– Во еден сад сипете млака вода, додадете шеќер, 1 лажица брашно и  измешајте. Оставете го садот на топло за да стаса квасецот.

– Сипете го брашното во еден поголем сад и во средината направете дупка. Во неа ставете ги солта, кефирот, маслото и стасаниот квасец. Со рака замесете тесто.

– Тестото ставете го на набрашнета работна површина и продолжете со месењето. Ако има потреба додавајте уште брашно додека да добиете меко и мазно тесто кое не се лепи на рацете.

– Тестото обликувајте го во облик на топка, премачкајте го со масло и вратете го во садот. Покријте го со пластична фолија и ставете го на топло место за да нарасне.

– За тоа време подгответе го преливот. Со вилушка изматете ги јајцата, додадете го кефирот или течниот јогурт и издробеното сирење. Ако е многу густа смесата додадете уште малу вода. Убаво измешајте за да добиете хомогена смеса.

– Нараснатото тесто ставете го на набрашнетата работна површина и кинете делови со големина колку јајце, обликувајте ги како топчиња и ставете ги на работната површина.

– Тавата во која ќе ги печете ќајите (23х33 см) покријте ја со хартија за печење. Ќајите потопете ги во масло и редете ги во тавата една до друга со мало растојание помеѓу нив.

Тетовски ќаји1

– Тавата покријте ја со пластична фолија и оставете ги малку да нараснат.

– Потоа тргнете ја фолијата и прелијте ги со подготвениот прелив. Повторно прекријте ја тавата со пластична фолија и оставете ги да нараснат уште 30-тина минути.

Тетовски ќаји2

– Рерната загрејте ја на 180 целзиусови степени и во убаво загреаната рерна ставете ги да се печат ќајите додека да поруменат, околу 35 до 40 минути. Внимавајте да не изгорат.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска