Приврзаници на Моамер Гадафи се собраа денеска на демонстрации во знак на почит кон поранешниот либиски лидер, откако тој беше соборен. Протестите се одржаа во вториот по големина град Бенгази, наречен „лулка на револуцијата“, јави ТАСС.
Демонстрантите минаа по централните улици на градот и скандираа пароли „Не на ИД!“, „Не – на Браќата!“ (против терористичката група Исламска држава и исламистичката група Муслиманско братство).
Активистите, кои според очевидци носеле воени униформи и ги вееле знамињата на либиската Џамахирија од времето на Гадафи.
Тие барале да бидат ослободени уапсените синови на Гадафи – Саади и Сеиф ал Ислам.