Освежително предјадење за овие топли летни денови …
Потребно е:
5-6 чешниња лук
100 гр исчистени ореви
околу 50 мл масло
1 кг кисело млеко
1 краставица
сол
1 лажица оцет
Подготовка:
– Во аван ставете ги исчистените ореви, лукот и малку сол и истолчете ги со дрвен толчник со повремено додавање на масло додека да добиете бела смеса.
– Во смесата додадете ги киселото млеко, оцедот и на крај краставицата исецкана на мали коцки. Убаво измешајте.
– Пред да го послужите тараторот убаво изладете го во фрижидер.