Алити: Во Студеничани и Сарај можно кумановско сценарио

Од:

Новите внатрепартиски судири во ДУИ поради заобиколувањето на ограноците во Сарај и во Студеничани при последните именувања на функционери можат да ескалираат сценарио слично на она во Куманово, предупредува потпретседателот на Собранието и член на врвот на ДУИ Рафиз Алити, известува Алсат-М.

Иако има можност за такво нешто, тој и пратеникот од Студеничани Зулфи Адили, изјавија дека нема да дозволат повторување на кумановските настани.

– Јас сум во постојан контакт со активисти на огранокот од Сарај, секако дека побрав средба со претседателот Ахмети, за да разговарам за оваа прашање. Што се однесува до мрачните сценарија кои се најавуваат, јас ќе кажам дека имало и има такви појави, но нема да дозволиме да дојде до тоа што се случи во Куманово – вели Алити.

Со слично ветување е и Адили.

– Ако некои сакаат да се повторат црните сценарија во нашите редови, јас и чесните луѓе кои му посакуваат добро на овој народ, отворено ќе кажам дека нема да ја постигнат таа цел, бидејќи ако некој претендира за една фотелја, за една позиција, да прави мрачни планови, ние нема да паднеме во неговата замка, бидејќи ние сакаме да бидеме достојни претставници на народот – рече Зулфи Адили.

Алити го обвини Муса Џафери за непочитување на партиските ограноци. Според него и Адили, последните именувања кои поминаа во Владата се лоши одлуки на ДУИ.

– Има големо незадоволство во огранокот во Сарај и тоа не е од денеска туку од порано бидејќи вицепремиерот за имплементирање на Охридскиот договор, веќе долго време ги занемарува структурите на огранокот, го занемарува партиското тело, кое барем треба да се извести или да го даде своето мислење, независно од тоа за кого станува збор, независно од тоа кој на која функција ќе биде поставен – вели Алити.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Од прв премиер Албанец до целосно уназадување за неколку месеци

Катерина Ѓуровски

Ахмети: Aлбански народ ќе го брани албанскиот јазик што е постигнат со пожртвуваност

ДУИ: Предвремени избори – решение за кризата на легитимитетот и предуслов за економска благосостојба

А1он

ДУИ: Нафије Селмани и Афрона Верзиволи се партиски кандидати

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Предлог-Буџетот не е развоен, тој мора да се избалансира, a државната каса да се надополни

ДУИ: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинува луѓето на Изет Меџити за корупција