УЈП: Граѓаните и фирмите да ги платат заостанатите долгови за РДТ

Од:

Граѓаните и фирмите да ги платат заостанатите долгови за радиодифузна такса (РДТ) за да не се соочат со присилна наплата, апелира Управата за јавни приходи (УЈП).

– Апелираме граѓаните и фирмите кои имаат заостанати долгови за радиодифузна такса, да извршат плаќање на оваа јавна давачка во најкусо време, бидејќи ќе почнеме постапки за присилна наплата со блокирање на трансакциските сметки со што обврзниците би се изложиле на дополнителни трошоци, соопшти денеска УЈП.
Состојбата на долговите за РДТ е наведена во Решението, кое УЈП го доставува до обврзникот секој месец, а дополнително проверка може да се врши и преку интернет, преку бесплатната електронска услуга е-Радиодифузна такса https://etax.ujp.gov.mk.

Исто така, граѓаните можат да ги користат новите услуги на УЈП за електронско плаќање со безготовинска картичка Visa, Maestro и MasterCard (кредитна и дебитна) издадена од домашна банка.

Постапката за регистрација за електронско плаќање и проверка на состојбите за РДТ преку https://etax.ujp.gov.mk е бесплатна за граѓаните и не е потребен дигитален сертификат.

Би можело да ве интересира

Поради зголемен прилив на ДДВ-04 пријави, системот Е-даноци работи забавено

УЈП очекува детали од Министерството за финансии за најавеното намалување на даноци

Констатирани неправилности кај шест даночни обврзници во општина Виница

ВМРО-ДПМНЕ: Парите што се краделе од СДС и ДУИ сега завршуваат во буџетот

Петрова ја презеде директорската функција во УЈП

Елена Петрова нов директор на УЈП, Бобан Николовски на Царинската управа