Парче од оваа торта, салата и ќе имате комплетен оброк …
Потребно е:
за омлетот со пиперки:
6 печени пиперки
2 лажици масло
1 мала главица кромид
сол, бибер
за омлетот со тиквички:
2 помали тиквички, исечени на мали коцки
2 чешниња лук, ситно сецкан
2 лажици масло
сол, бибер
за премачкување:
3 полни лажици кисела павлака
300 гр крем сирење
200 гр кравјо сирење
ситно сецкан свеж босилек
рендан кашкавал за посипување на тортата
и уште:
12 јајца
150 мл млеко
сол, бибер
Подготовка:
– Во тава на рингла ставете 2 лажици масло, загрејте го и ставете ги сецканите тиквички. Додадете го ситно сецканото лукче и пржете додека не омекнат тиквичките. Додадете сол и бибер, по вкус. Ставете ги во една поголема чинија и оставете да се изладат.
– Во изладените тиквички додадете 6 јајца, 75 мл млеко и сол и бибер, по вкус. Изматете убаво и оставете го на страна.
– Во истата тава ставете 2 лажици масло, загрејте го и ставете го ситно сецканиот кромид. Пржете додека не омекне, а потоа додадете ги и сецканите печени пиперки и продолжете со пржењето уште околу 5 минути. Додадете сол и бибер, по вкус.
– Смесата сипете ја во поголем сад и оставете да се излади. Потоа додадете 6 јајца, 75 мл млеко и сол и бибер, по вкус. Изматете убаво и оставете го на страна.
– Во тава на рингла ставете малку масло и испржете и од секоја смеса испржете по три потенки или 2 подебели омлети. Омлетите со тиквички ставете ги на една чинија, а тие со пиперки на друга. Оставете ги да се оладат.
– Додека се лади омлетото направете го намазот. Во еден сад ставете ги сирењето, крем сирењето, киселата павлака и ситно сецканиот босилек. Со вилушка соединете ги сите состојки во кремаста маса.
– Калапот за торта со дијаметар од 22 см покријте го со проѕирна пластична фолија тача што краевите да висат надвор од калапот.
– Ставете еден омлет со тиквички и одозгора премачкајте го намазот од сирење. Одозгора ставете омлет од пиперки и повторно премачкајте со намазот. Истата постапка повторете ја додека не ги потрошите сите состојки. На крај тортата премачкајте ја со намазот од сирење од горе и од страните.
– Кога ќе завршите со премачкувањето, тортата покријте ја со пластичната фолија и ставете ја во фрижидер да стои барем неколку часа.
– Пред да ја послужите повторно премачкајте ја тортата од сите страни и посипете ја со изрендан кашкавал и украсете по желба.