Пронајдени тела на 13 мигранти во брод во близина на Либија

Од:

Спасувачки екипи пронашле тела на 13 мигранти во еден чамец во близина на либискиот брег, во кој се наоѓале повеќе од 500 луѓе, соопшти денеска портпарол на италијанската крајбрежна стража, не наведувајќи детали за причините за нивната смрт.

Брод на ирската Воена морнарица од составот на мисијата Тритон, ЕУ и спасувачки брод изнајмен од организацијата Лекари без граници синоќа започнале акција за спасување на бродот на околу 80 километри од либискиот брег.

– Властите ќе треба да одлучат каде ќе бидат префрлени преживеаните мигранти, истакна портпаролот.

Според податоците на Меѓународната организација за миграција, оваа година околу 150.000 лица пристигнале до Европа по морски пат, од кои повеќето во Италија и Грција, а над 1.900 се удавиле за време на патувањето.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски