Овој намаз е одличен за премачкување канапеи за домашни седенки, потоа какао додаток на секој ручек ручек или вечера… Може да стои неколку дена во фрижидер.
Потребно е:
250 гр свежо сирење (или пак крем сирење)
1-1,5 конзерва туна
2-3 лажици кисела павлака
2 тврдо варени јајца
сол
зачини по желба: власец, магдонос, лук, оригано …
Подготовка:
– Јајцата сварете ги да бидат тврди, излупете ги и ситно исецкајте ги.
– Туната исцедете ја од маснотијата.
– Сите состојки ставете ги во блендер и иситнете ги убаво за да добиете хомогена смеса.
– Пред да го послужите ставете го овој намаз да се разлади во фрижидер.