Во рамки на „Прилепското културно лето“ вечерва на плоштадот „Александрија“ целовечерен концерт ќе одржи ансамблот „Македoнка“ од Торонто, Канада.
Домаќин на ансамблот од Торонто е културно-уметничкото друштво „Моминок“ од Прилеп.
Ансамблот „Македонка“ е еден од најпознатите ансамбли на македонски песни и ора во Торонто. Основан е 1959 година и 64 години ја претставува Канадско-македонската заедница во Канада, САД, Порторико, Австралија, Европа и во Македонија. Основач и кореограф е Александар (Алек) Петличков.