Сириска куфта (традиционално јадење)

Од:

Многу вкусно традиционално сириско јадење со зеленчук и мелено месо …

Потребно е:
450 гр мелено месо (јагнешко, телешко, јунешко)
50 гр пињоли
по пола лажиче сол и бибер
1/2 лажиче мелен сув зачин
1 лажиче цимет
3-4 излупени домати
2-3 главици кромид
3 зелени пиперки
4 полни лажици масло
4 компири, исечени на подебели тркалца
125 мл говетска супа или вода

Подготовка:
– Во еден сад ставете го меленото месо, додадете ги пињолите, 1/2 лажиче цимет, сол и бибер по вкус, 1 полна лажица масло и 1/2 лажиче мелен сув зачин. Убаво измешајте за да се соединат сите состојки.

– Од горната смеса направете подебели ќебапи. Наредете ги во тава обложена со хартија за печење и ставете да се печат во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 10-тина минути. Извадете ги од страна и оставете да се изладат.

– Компирите излупете ги, измијте ги убаво, исушете ги и исечете ги на подебели тркалца. Додадете 1 голема лажица масло, сол и бибер, измешајте, ставете ги во тава, а потоа да се печат во загреана рерна рерна на 200 целзиусови степени додека малку не поруменат (не треба да бидат сосема печени).

– По поголема тава на рингла додадете го преостанатото масло и на него пропржете го кромидот. Посолете и побиберете.

– Во керамичка тава сипете го кромидот. Потоа на него почнете да ги редите прво ред од ќебапите. До месото ставете ред компири, до компирите ред пиперки исечени на тркалца и потоа повторно ред месо, компири, пиперки. Повторете ја постапката додека не ги потрошите сите состојки.

– Доматите излупете ги и исецкате ги на мали коцки и посипете најодозгора во тавата. Сипете ја говетската супа или вода и зачинете со сол и бибер.

– Тавата покријте ја со хартија за печење, а потоа и со алуминиумска фолија или капак.

– Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 40 минути. Откријте ја тавата и продолжите со печењето уште 15 до 20 минути.

– Како гарнир сварете бел ориз. Подгответе и зелена салата.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска