Заев: Груевски има проблем да им објасни на своите како се согласи на оставка и покрај тврдите позиции

Од:

Пишувањата на провладините медиуми дека во СДСМ има превирања од незадоволство поради договорот од Пржино се со цел да се дефокусира вниманието од проблемот што всушност го има премиерот, Никола Груевски, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во интервју за информативниот портал „Мкд.мк“.

– Тој треба да им објасни и на своите соработници и на Извршниот комитет како само една недела по јавно и писмено соопштените тврди позиции, направи отстапки за коишто ги убедуваше дека нема да се случат, посочува Заев.

Во тек се состаноците на работните групи кои треба да ги договорат деталите од спроведување на договорот, а Заев вели дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ веќе направил обиди состаноците да се одложат.

– Уште еднаш порачувам дека нема да толерираме одложување или непочитување на договореното. За нормализација на државата важно е сите политички субјекти да го почитуваат договореното и, секако, секој од нас како граѓанин да придонесе кон тие заложби, порачува тој.

На првите состаноци се преговара за законите поврзани со избори, избирачкиот список и гласањето на дијаспората. Заев посочува дека СДСМ е отворена кон можноста за промена на изборните модели и изборните единици.

Во 2015 година Македонија е во хибриден режим. Може само да се претпостави, вели Заев, до каде ќе одеше тоталитаризмот и со какви последици ќе продолжеше „доколку не беа храбрите професионалци од УБК што ги доставија материјалите што го разобличија начинот на владеење и на крадење избори од страна на власта на Груевски.“

– Речиси една деценија граѓаните живеат во режим… Мене ме загрижува ова што се случува по политичкиот договор, многубројните инциденти во коишто луѓе-неистомисленици со власта завршуваат со крвави глави и зад тоа, по сите индиции, стои нервозната власт. Ќе ја искористам оваа прилика да апелирам дека насилствата ѝ носат лошо на Македонија и веднаш да се прекине со таквите провокации, вели Заев.

Тој потсетува дека Основното јавно обвинителство не покренало ниту една постапка за шест месеци и откако СДСМ поднесе над 30 кривични пријави против високи владини и партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Тој очекува специјалниот јавен обвинител да покрене обвиненија веднаш по изборот.

– Зврлевски нема никакво, ни морално ни професионално право да постапува. Со договорот од 2 јуни/15 јули сите овие предмети ги презема специјалниот јавен обвинител. Знаејќи што сè има во материјалите што ќе му бидат предадени, лично очекувам, многу скоро по изборот, да бидат покренати обвиненија, бидејќи случаите и злоупотребите се прилично јасни.

Специјалниот јавен обвинител, вели Заев, мора да биде личност што држи до својот професионален интегритет. Открива дека се во тек консултации со експертската јавност за можните кандидати. Новиот јавен обвинител, вели, ќе ја има историската улога да го почне враќањето на Македонија на нормален колосек.

Заев и понатаму не го признава правосудството и нема да се појави на закажаните судски рочишта во кои е обвинет. Првото рочиште за случајот „Пуч“ е закажано за 5-ти август.

Тој ги открива приоритетите на програмата со која што СДСМ ќе излезе на изборите во април 2016.

– Нашата цел е враќање на достоинството на граѓаните. Граѓаните финансиски да зајакнат, а со тоа ќе ја обезбедиме и демократијата во државата. Оваа власт свесно ги осиромаши луѓето за да може да им прави притисоци и на тој начин да си ја обезбедува власта. Нашите политики се тотално спротивни на овој недозволив начин на владеење. Работиме на дополнување на Програмата за враќање на средната класа, која треба да направи редистрибуција на средствата во рацете на граѓаните, за што имаме предвидено конкретни, реални и остварливи мерки.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Митрески: Досега се нема случено во историјата на Собранието, ниту еден амандман да не е прифатен

(ВИДЕО) Тренчевска: ДПМНЕ одби амандман на СДСМ за изградба на пречистителна станица за отпадни води

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски повторно демонстрира лицемерие и паника по консолидацијата на СДСМ

Мицкоски „не е импресиониран“ од новото раководство на СДСМ

Каранфилова-Пановска: Убедена сум дека ќе го вратиме угледот, поддршката и победите на СДСМ

Конгресот го избра новиот состав на Централниот одбор на СДСМ

А1он