Многу правни и законски пречки на патот за спроведување на договроеното во Пржино.
Експертите за Порталб велат дека иако во договорот меѓу лидерската четворка се посочува формирање на специјално обвинителство, при постоечкото, на чело со Зврлевски, сепак до 15-ти септември, до кога треба да се формира „паралелното“ обвинителство, голем број на дилеми, но и сериозни правни бариери ќе мора да бидат надминати и решени, особено отако во меѓувреме, Јавното обвинителство соопшти дека ја почнало истрагата за случајот „Политички бомби“ на СДСМ.
Како ќе се селат случаите „Бомби“ и „Пуч“?
„Да“ за специјално обвинителство кое објективно и непристрасно ќе ја води постапката за случаите „Прислушувани материјали“ и „Пуч“, но како тоа ќе се формира, постапува и реагира. Ова според експертската јавност се само дел од дилемите поврзани со договорот за формирање на ново тело кое наменски ќе биде формирано и задолжено строго само за овие два случаи. Како ќе работи новото обвинителство и дали уште неформирано ќе се соочи со опструкција? Ова прашање особено се отвори откако Јавното обвинителство преку писмено соопштени, извести дека ја почнало истрага за случајот „Политички бомби“.
Според експертите, една од првите правни пречки за функционирање на „специјалното обвинителство“’ е тоа што домашната законска регулатива не предвидува воопшто постоење на ваква судска инстанца.
„Најпрво според Законот за јавни обвинители, во земјава воопшто не се предвидува постоење на „специјално обвинителство“.
Ова решенија повлекува и отвора многу дилеми, прво кои ќе бидат надлежностите, односно во кој домен тоа обвинителство ќе има овластувања и како ќе постапува. Се знае дека ова специјлано обвинителство треба да ги опфати слукаите за прислушуваните материјали и „Пуч“. За да се реализира идејата за специјално обвинителство ќе биде потребно да се изменат некои општи акти, но сметам дека обвинителството, односно обвинителот мора да биде со полни овластувања согласно законите за да може да превземе и соодветни дејства. Оттука, предлогот за сцецијален обвинител има многу недоречености“, вели за Порталб еден од поранешните обвинители Јован Трпеновски.
Во договорот од Пржино, зад кој застана лидерската четворка се вели:
„До 15 септември 2015 ќе има нов специјален јавен обвинител со целосна автономија да води истраги што се во врска и што произлегуваат од прислушувањето на комуникациите. Специјалниот јавен обвинител ќе биде назначен со договор на долупотпишаните страни“.
Токму оваа одредба, со која на 15-ти јули беше комплетирана точката 6 од Договорот од 2. јуни, се смета за една од најважните постигнати на лидерската средба бидејќи преку неа треба да се отвори независна истрага за сите кривични дела откриени со „бомбите“ и се‘ што е поврзано со следењето на комуникациите, вклучително и со актуелниот процес „Пуч“.
Во исто време, обвинителство беше и во фокусот на Извештајот на Прибе, од каде во форма на препорака произлезе и сегашното решение.
Во Ивештајот на експертскиот тим на ЕК беше посочено:
„Истрагите за кривични дела откриени со прислушкувањето треба да бидат сериозно разгледани без двоумење и страв, на неселективен начин, при што приоритет треба да бидат оние со најсериозни злоупотреби“.
Дополнителна дилема според експертите е што ќе се случи со веќе почнатите постапки во рамките на сегашното обвинителство, а кои се однесуваат на слуачите „Пуч“ и „Бомби“.
„Обвинителство треба да објасни што ќе значи воведувањето на специјален обвинител. Друго прашање е пак што ќе биде со досегашната истрага за „Пуч“, дали ќе запре, дали ќе биде суспендирана, како ќе биде преземена од сцецијалното обвинителство или пак одново ќе биде отворена“, коментираат за „Порталб“ познавачите на правото.
Неодамна, актулениот обвинител Марко Зврлевски, во однос на ова прашање изјави:
„Станува збор за политички договор. Јас како обвинител не знам што договориле партиите и затоа не можам да коментирам што ќе се случи. Ние работиме според законите“, изјави Зврлевски.
Обвинителството не сака да го коментира формирањето на „специјално обвинителство“, но во период на спроведување на Договор од Пржино испрати соопштение во кое вели дека започнала истрагата за прислушуваните материјали. Дел од екпспертите токму во овој потег препознаа „кршење“ на договорот, но и признавање дека прислушуавните разговори што ги објави опозициската СДСМ биле автентични.
Јавен обвинител со целосни ингеренции…
Според експертите, целосно е исклучена можноста сцецијалниот обвинител да биде странец. Ова решение е утврдено и со Устав и со Законот за јавни обвинители.
„За јавен обвинител и заменик на јавниот обвинител може да биде именуван државјанин на Република Македонија, кој ги исполнува општите услови определени со закон за засновање на работен однос во државен орган, дипломиран правник со положен правосуден испит , кој ужива углед за вршење функција на јавен обвинител, односно заменикјавен обвинител“, се посочува во законот.
Според пораншениот обвинител Трпеноски, поставувањето на странец на чело на специјалното обвинителство целосно се исклучува како можност.
„Странско лице не може да биде на оваа позиција, Уставот и законите се јасни дека тоа лице мора да биде државјанин на Македонија, но странец може да има советодавна функција“, вели Трпеновски кој оценува дека за да се добие обвинител кој целосно ќе може да постапува според законската регулатива, не постои друг начин, освен преку сегашната позиција на Јавен обвинител.
„Било како да ги анализираме работите, крајната цел е да има обвинител кој не само што ќе ги отвори случаите туку ќе може да постапува по нив, а тоа е можно само преку функцијата Јавен обвинител на Република Македонија. Оттука, како единствен заклучок е замена, односно разрешување на сегашниот обвинител Зврлевски и постаување на обвинител што ќе има ингренеции да постапува по Законот за јавно обвинителство и Законот за кривична постапка. Сметам дека предметите за прислушуваните материјали, кои сега се поттиснати, ќе бидат отворени. Тоа е можно само се разрешување на сегашниот обвинител“, вели за Порталб, Трпеновски.
Според експертската јавност, решенијата, како специјален обвинител не се непознати во европската пракса. Аналитичарите потсетуваат на моделот на хрватски УСКОК (Уред за сузбивање корупција и организиран криминал), кој ја почна истрагата за поранешниот премиер Иво Санадер.
Овој процес заврши со пресуда против него, а УСКОК стана атрибут за независна истрага. Важноста од формирањето на специјалното обвинитество беше посочена и во оценките на меѓународната заедница, која најави засилен мониторин врз процесот на спроведување на договореното од Пржино.
Анализа на Порталб