Оваа салата брзо ќе ја направите, а е многу вкусна …
Потребно е:
400 гр исчистено и сварено цвекло
3 сварени јајца
200 гр кисела павлака
2 лажици мајонез
свеж магдонос
сол
Подготовка:
– Свареното цвекло исечете го на тркалца, наредете го во чинија за сервирање и малку посолете го.
– Во еден сад измешајте ги павлаката и мајонезот. Оваа мешавина прелијте ја преку цвеклото.
– Одозгора распоредете ги изренданите јајца и посипете со ситно сецкан свеж магдонос.
– Пред да ја послужите оваа салата ставете ја во фрижидер убаво да се излади.
– По желба цвеклото може малку да го закиселите со лимон или малу оцет.