Фетел најбрз на „Хунгароринг“, победата му ја посвети на Бјанки

Од:

Возачот на „Ферари“ Себастијан Фетел е победник на трката за Големата награда на Унгарија, возена попладнево на патеката „Хунгароринг“ крај Будимпешта.

Германецот својата 41. победа ја посвети на неодамна починатиот колега Жил Бјанки.

– Жил, ти секогаш ќе бидеш во нашите срца. Порано или подоцна ќе беше дел од овој тим, е првата изјава на Фетел преку клупското радио по минување на целта на денешната трка.

Фетел уште на стартот ги помина фаворитите од Мерцедес, Луис Хамилтон и Нико Розберг и извозе шампионски до крајот на трката одбивајќи ги нападите од конкурентите.

Неочекувано на второто место заврши Данил Квајт од Ред Бул, а трет беше Даниел Рикиардо (Ред Бул). Макс Ферстапен (Торо Росо) оствари најдобар пласман во кариерата со четвртото место, Фернандо Алонсо (Мекларен) беше петти, а актуелниот шампион Хамилтон дури шести.

Бодови освоија уште и: Роман Грожан (лотус), Нико Розберг (Мерцедес), Џенсон Батон Мекларен) и Маркус Ериксон (Заубер).

Следната трка од Шампионатот во Формула 1 е на 23 август во Белгија.

Би можело да ве интересира

Формула не памети ваков рефлекс: Младиот возач избегна трагедија со чудесен маневар

Предраг Петровиќ

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он