Возачот на Мерцедес и актуелен светски првак во Формула 1, Луис Хамилтон ја освои пол позицијата за главната трка за Големата награда на Унгарија.
Британецот беше најбрз на денешните квалификации на патеката „Хунгароринг“ со време од 1:22, пред тимскиот колега Нико Розберг и Себастијан Фетел на Ферари.
За Хамилтон ова е деветта пол позиција од десет трки сезонава.
Трката за Големата награда на Унгарија ќе се вози утре од 15 часот, а ќе почне со едноминутно молчење во знак на почит за Жил Бјанки.