Во потресот со интензитет од 5,1 степен според Рихтеровата скала што денеска го погоди северниот дел на Пакистан, загинаа најмалку три лица.
Епицентарот се наоѓал на длабочина од 26 километри, а оддалечен е 15 километри североисточно од Исламабад, соопшти Американскиот геолошки завод.
– Две жени и едно деветгодишно дете настрадлале кога се урнала нивната куќа во Аботабад, на 50 км од Исламабад, изјави Шер Акбар Кан, висок полициски претставник.
Потресот се почувствувал во Исламабад и во други градови на покраината Пунџаб и Кибер Пактунква.