Земјотрес со интензитет од 5,1 степени според Рихтеровата скала ја погоди околината на пакистанската престолнина Исламабад, но засега нема податоци за штети или повредени.
Жителите на престолнината сведочат дека зградите се занишале, но се уште нема извештаи дали потресот предизвикал поголема штета.
Епицентарот се наоѓал на длабочина од 26 километри, а оддалечен е 15 километри североисточно од Исламабад, соопшти Американскиот геолошки завод.
Пакистан во 2005 го погоди разорен земјотрес со интензитет од 7,6 степени во кој загинаа над 73.000 луѓе.