Се санираат централните улици во Куманово

Од:

Во Куманово започна санација и асфалтирање на улиците од централното градско подрачје.

Градежните активности, како што најавија од Секторот за урбанизам, ќе траат наредните неколку дена и тоа на централните улици во градот „11 Октомври“, крак од булеварот „Октомвриска револуција“, „Тоде Думба“ од „Биљановска“ до „Васил Драгомански“…

Според најавите на надлежните ќе се асфалтираат поголеми површини на улиците. Од Секторот за урбанизам, денеска апелираа до граѓаните, доколку се во можност да избегнуваат движење со своите возила на овие улици, за да може нсвремено да се завршат активностите на терен.

Помошникот раководител на Секторот за урбанизам, Момчило Јовановски изјави дека веќе се работи на кракот на булеварот „Октомвриска револуција“.

– На овој крак ќе се менува бетонска површина од 1.300 метри квадратни, а воедно ќе се санира и постави нов слој асфалт на лента од 190 метри квадратни, затоа ги замолуваме граѓаните кои тука живеат и тука паркираат да ги тргнат возилата за непречено и ефикасно завршување на работите, изјави Јовановски.

Наредните денови најави тој започнува гребењето на улицата „11 Октомври“ една од клучните улици во градот. Јовановски информираше дека ќе се изврши санација на потегот од зградата на општината кон болницата.

– Улицата е со поголема широчина од десет метри така што со санација ќе се опфатат 4.000 метри квадратни. Ова е централна улица, но би ги замолил граѓаните, доколку се во можност да ја одбегнуваат улицата, за навреме да се санира и да не се создава сообраќаен метеж, изјави Јовановски.

Санацијата на асфалтните оштетувања на улиците во централното градско подрачје во Куманово се спроведува согласно програмата за уредување и оддржување на градежно земјиште и комунална инфраструктура.

Би можело да ве интересира

Девојче било истепано на свадбена веселба во Куманово

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Сообраќајка во Куманово, тешко е повреден пешак

Потребни ригорозни санкции за оние кои ги напуштаат милениците и исфрлаат легла апелираат ветеринарите

Куманово: Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи

Градежна инспекторка од Куманово побарала поткуп од 4.000 евра