Пекарот Доминик Ансел неодамна морал да го заштити името на својот колач кој почнале да го копираат ширум Америка. Се почнало кога пекарот се обидел кон крајот на мај оваа година да направи некое ново слатко и почнал да експериментира со вкусовите и облиците. Така настанал кронут.
Што е кронут?
Колачот кој предизвика хистерија не е ниту Донатс крофна ниту кроасан кифла, но е комбинација на двете познати слатки, лиснато француско тесто и во масло пржено Донатс тесто, со кремасто полнење и слатка глазура.
Потребно е:
за тестото:
3/4 чаша (од 250 мл) топло млеко
1 лажица сув квасец
1/3 чаша шеќер
2 поголеми јајца
1 лажиче ванила
3 1/2 чаши повеќенаменско брашно
1 лажиче сол
1 чаша путер (на собна температура)
за преливот:
1/2 чаша шеќер во прав
3 лажици јаворов сируп (или мед)
1-2 лажици млеко, павлака или вода
Подготовка:
– Во еден подлабок сад помешајте ги млекото и квасецот и оставете да надојде.
– Додадете ги шеќерот, јајцата и ванилата и убаво измешајте. Додадете 1 чаша брашно и сол, па постепено додадете нешто повеќе од 2 чаши брашно со постојано мешање. Месете го тестото додека не стане меко и еластично.
– Тестото ставете го во еден сад, покријте го со пластична фолија и ставете го да отстои 30 минути во фрижидер.
– Во меѓувреме путерот со преостанатото 1/4 чаша брашно неколку минути изматете ги со миксер додека не се соединат.
– Кога тестото ќе се разлади ставете го на набрашнета работна површина и со сукало развлечете го во правоаголен облик 33х46 см и дебелина околу 1 цм или потенко. Тестото премачкајте го со путер и превиткајте го на три дела, еден преку друг. Покријте го со пластична фолија и повторно ставете го да стои 30 минути во фрижидер.
– Кога ќе го извадите повторно развлечете во во форма на правоаголник. Повторно левата третина превиткајте ја преку средината, па преку неа повторно десната третина. Полека повторно развлечете го малку тестото и вратете го во фрижидер. Оваа постапка повторете ја уште 2 пати за да ја добиете слоевитоста на крофната. Значи 4 пати треба да ја повторите постапката: преклопување-развлекување со сукало-фрижидер. Кога ќе завршите со слоевите оставете го тестото повторно во фрижидер, но 1 час или пак може и преку ноќ.
– По ова тестото е спремно за печење. Развлечете го со сукало со дебелина од 3 до 5 цм, па со калап извадете крофни.
– Во подлабоко тенџере убаво загрејте масло за пржење, да биде врело. Ставете ги крофните да се пржат од двете страни додека не поруменат и постанат крцкави.
– Готовите крофни наредете ги на хартија за печење за да се впие вишокот маснотија.
– Сега направете го и преливот – помешајте ги шеќерот во прав, медот и млекото и смесата посипете ја по крофните додека се уште врели. Послужете ги топли.