А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Неразумните политики на Груевски доведоа до банкрот на граѓаните

by А1он24/07/2015 - 15:1324/07/2015 - 20:05124
Share0

„Добро е што уплашената власт на Никола Груевски конечно ќе ги намали глобите, ќе воведе мерка опомена и скалест пристап во казнената политика.

Следете a1on на Instagram Instagram

Погрешните и репресивни политики на Груевски ја донесоа најголемата сиромаштија од независна Македонија.

Со години укажуваме дека неразумните политики на власта на Груевски водат кон банкрот на граѓаните и фирмите што денеска е реалност.

Затоа и зборувавме за потребата од опомена пред казна, предлагавме намалување на казните за 50 проценти и можност помалите фирми да плаќаат помали глоби.

Следете a1on на Youtube YouTube

Во 2013 година, додека ги промовиравме овие мерки, власта затвораше фирми, изрекуваше глоби во илјадници евра, менуваше закони внесувајќи вртоглави суми казни.

Само за пример, парламентарното мнозинство на Груевски изгласа казни од 1.500 до 9.000 евра за најранливата категорија граѓани, мајстори, занаетчии кои работат за дневници од по 150 денари.

Поради ова огромен број мали и средни фирми се веќе со клуч на врата.

Да не говориме за казните од 7.000 – 25.000 евра за лекарите, казните до 500-тини евра воведени со Законот за сообраќај и слични примери, што ги гласаше мнозинството на Груевски и остануваат на сила.

Никола Груевски, препиша низа решенија на СДСМ во својата предизборна програма, но за жал и овие мерки од казнената политика на коишто апелиравме, се случуваат многу задоцнето, откако целосно ги исцедија фирмите и граѓаните.

Укажуваме дека ад хок решенијата на власта не се доволни.

Нема логиката да се примени скалеста казнена политика, а да не се примени скалеста даночна политика.

Потребни се системски промени за што е потребна промена на власта.

СДСМ со Програмата за враќање на средната класа, на чиишто дополнувања работи, ќе го врати достоинствениот живот на граѓаните во Република Македонија“, се вели во соопштението на СДСМ.

gruevskisdsm

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски24/09/2026 - 11:1824/09/2026 - 11:41

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

Катерина Ѓуровски22/09/2026 - 12:18

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он20/09/2026 - 13:19

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он20/09/2026 - 11:53

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Катерина Ѓуровски16/09/2026 - 11:07

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

Катерина Ѓуровски15/09/2026 - 12:28
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео