Вкусни лиснати залачиња со фил од компири …
Потребно е:
500 гр смрзнато лиснато тесто
2 компири
1 главица кромид
1 лажица пире од домати
2 лажици путер
2 лажици сусам
1 жолчка од јајце
3 лажици вода
маслиново масло
Подготовка:
– Компирите излупете ги и ставете ги да се варат во солена вода. Потоа испасирајте ги.
– Кромидот ситно исецкајте го и пропржете го малку на маслиново масло. Додадете ги компирите и пирето од домати. Додадете и сол и бибер по вкус.
– Развлечете го тестото и од него исечете кругови со чаша или пак некој калап. Секој круг тесто премачкајте го со растопен путер и ставете од филот. Преклопете ги страните така да добиете три триаголници.
– Премачкајте ги со разматената жолчка со малку вода и одозгора посипете ги со сусам.
– Ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 20 минути, односно додека не поруменат убаво.