Туристичкиот производ на Македонија на меѓународниот туристички саем „RDA Workshop” во Келн

Од:

Во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТРМ) прв пат Македонија и туристичките агенции од земјава, ги претставуваат туристичките потенцијали на меѓународниот туристички Б2Б саем „RDA Workshop” во Келн, Германија, кој се оддржува од 21 до 23-ти јули оваа година.

Како што стои во денешното соопштение од АППТРМ, туристичките агенции и хотелијери ги промовираат туристичките производи на Македонија на нов модерен штанд со промотивни материјали и конкурентни туристички понуди за европските и светските туристички бизнис работници и потенцијални туристи.

Германскиот туристички пазар, се посочува во соопштението, е се поатрактивен за Македонија поради директните авионски линии на Wiz Air со Германија, од Скопје до Минхен-Меминген, Дортмунд, Келн, Франкфурт, Нирнберг, Хамбург и Фридихшафен. Уште една директна линија на Germania Flug од Скопје до Дизелдорф.

„RDA Workshop” во Келн, Германија е водечки меѓународен саем кој претставува туристичка работилница и B2B настан на европскиот туристички пазар. Давателите на услуги од сите сектори на туризмот ги презентираат своите идеи и производи за утрешниот туристички бизнис.

Целта на туристичката работилница е да се идентификуваат новите трендови, да се здобијат со преглед на палета на производи и дестинации, да се споредуваат услугите и да се направат поконкурентни туристичките продукти, да се воспостават нови и да се одржуваат контактите помеѓу туристичките работници и компаниите, да се разменат искуства и да се добијат нови инспирации за атрактивни туристички производи.

Би можело да ве интересира

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски

Во земјава нема доволно кустоси, странски водичи раскажуваат поинаква историја за нашите локалитети

Катерина Ѓуровски

Прекугранични несекојдневни приказни кои ќе го развиваат туризмот во регионите на Пелагонија и Корча

А1он

Зголемен бројот на туристите и на ноќевањата

А1он