Ролат со сладолед и шумско овошје

Од:

Идеален освежителен десерт за овие жешки летни денови …

Потребно е:
за бисквитното тесто:
3 јајца
6 лажици шеќер
6 лажици млеко
6 лажици масло
6 лажици брашно
1 лажиче прашок за пециво

150 гр шумско овошје
сладолед од чоколадо
сладолед од ванила

за глазурата од чоколадо:
200 гр чоколадо
1 лажица масло
2 лажици кисела павлака

кокос, за  посипување

Подготовка:
– Јајцата пенесто изматете ги со шеќерот. Полека сипете го млекото и  маслото. На крај додадете го брашното измешано со прашокот за пециво. Сместа сипете ја во правоаголната тава од рерната која претходно сте ја намастиле и посипале со малку брашно.

– Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 25 минути.

– Шумското овошје измијте го убаво и исцедете го. Најубавите оставете ги за декорација.

– Кога ќе се испече кората, оставете ја да се излади, а потоа завиткајте ја во чиста кујнска крпа. Кога сосема ќе се излади одмотајте ја и филувајте ја со сладоледите од чоколадо и ванила кои претходно сте ги оставиле малку да омекнат (потребно е вкупно околу 750 гр сладолед).

– На едниот крај на кората врз сладоледот распоредете го шумското овошје и потоа полека замотајте. Ролатот покријте го со фолија и ставете го во замрзнувач да стои неколку часа.

– Пред да го послужите направете ја глазурата од чоколадо. Растопете 200 гр чоколадо со 1 лажица масло, 2 лажици кисела павлака и прелијте го преку ролатот. Посипете со кокос.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска