Оригинални босански колачиња …
Потребно е:
3 белки
3 кафени филџани шеќер во прав
250 гр путер (може и маргарин)
3 кафени филџани зејтин
100 гр кокос
1 прашок за пециво
1 ванилин шеќер
брашно, по потреба
Подготовка:
– Во еден сад ставете ги белките и шеќерот и со миксер пенесто изматете ги.
– Додадете додадете го омекнатиот путер (или маргарин) и убаво изматете.
– На крај додадете ги зејтинот, кокосот, прашокот за пециво, ванилиниот шеќер и брашно, по потреба колку да добиете тесто кое лесно се обликува, не се лепи на рацете и не е многу тврдо.
– Тестото обликувајте го во форма на цилиндар со дебелина колку еден прст и исечете го на еднакви делови.
– Наредете ги во тава обложена со хартија за печење и ставете да се печат во загреана рерна на 180 целзиусови степени но внимавајте да не ги препечете, треба да останат бели.
– Печените локуми увалкајте ги во шеќер во прав со ванилин шеќер во него.
– Локумите чувајте ги во метални кутии.
– По желба во тестото додадете може да додадете и мелени ореви и во тој случај че ја намалите количината на брашно.