Очилата на Груевски во сите медиуми од регионот

Од:

Половина милион Македонци живеат во сиромаштија, а премиерот Никола Груевски летува во Тел Авив, фотографиран со очила кои наводно вредат 60.000 евра, пренесуваат медиумите во регионот.

Српските медиуми и покрај што го наведуваат демантот на владата дека се работи за обични очила, сепак потенцираат дека “на фотографијата јасно се гледа логото на брендот “Мајбах“ каде освен очила се произведува и кожна галантерија, луксузни автомобили, и сето тоа по астрономски цени под слоганот “икона на луксузот“.
Фенси премиер на Македонија-Додека земјата гори, Груевски шета очила од 60.000 долари е насловот на српски Курир.

Screenshot_7

За очилата пишува и српската државна телевизија РТС.

-Фотографиите на Никола Груевски од летувањето во Тел Авив со очила за сонце кои наводно вредат 60.000 евра предизвикаа бес по социјалните мрежи. Владата демантира. Во скопските продавници не се слушнале за “мајбах“ очила, пишува РТС.

Screenshot_4

Црногорските “Вијести“ ја објавија информацијата со наслов “По примерот на Ѓукановиќ: Груевски носи очила од 60.000 евра“.

Објавен е демантот на владата но сепак се наведува дека ситуацијата многу наликува на таа кога е “откриено дека Ѓукановиќ носи часовник вреден 106.000 евра“.

Screenshot_6

Веста со прашање дали Груевски носи скапи очила е објавена и во босанските и во хрватските медиуми.

Владата вчера по објавените фотографии деменатираше дека се скапи очила, односно дека се работи за обични очила кои можат да се купат секаде по просечна цена.

Screenshot_8

Screenshot_5

Screenshot_3

Би можело да ве интересира

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Џафери: Добив материјал со измените на Кривичниот законик, но не од Груевски

A1on