До МВР вчера поднесени уште 7 барања за азил

Од:

Во текот на вчерашниот ден до Одделението  за азил се поднесени уште седум барања за азил, од кои две лица се од Сирија и пет од Ирак. Најстарото лице има 33 години, а најмладото две години, соопшти денеска МВР.

Од започнување на издавањето на потврдите до 21.07.2015 година до Одделението  за азил се поднесени 35 барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 25 барања се од државјани на Сирија за азил, од нив шест за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак, како и едно барање од државјанин на Египет.

Врз основа на измените и дополнувањето на Законот за азил, во текот на вчерашниот ден, МВР издало 376 потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил во Република Македонија на странските државјани кои илегално влегле на нашата територија.

Во периодот од 19.06.2015 до 21.07.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 16.895 странски државјани, од кои, 12.466 се од машки пол, 2.212 се од женски, 2.072 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 145 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 12.336, потоа од Авганистан 1.370, од Ирак 956, Пакистан 595, од Сомалија 398, Палестина 354, од Конго 254, Камерун 104, додека останатите се во помал број.

Би можело да ве интересира

ЕУ подготвува построги правила за азил и побрза депортација на мигранти по кризата во Сеута

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он

Претреси на 32 локации во Скопје по наредба на судија, се проверуваат и простории на МВР

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он

Битолската полиција за шест часа казни 77 возачи на мопеди и електрични тротинети

А1он