МРТ се извинува за пропустите и доцнењето за радиодифузна такса

Од:
Доцнат решенијата за радиодифузна такса за 8-ми и 9-ти месец . Некои граѓани пак од Куманово, се јавија во А1он и се жалат дека добиле нови решенија со кои во исто семејство има по двајца задолжено за плаќање на такса. На пример, обврска за плаќање за радиодифузна такса добиле и  таткото и синот, кој не е женет и кои живеат заедно. Велат дека не ни знаат каде да се жалат.
ЈП МРТ испрати соопштение, кое го објавуваме во целост:
Се известуваат граѓаните на Република Македонија дека согласно член 147 од Законот за радиодифузната дејност „Работите во врска со водењето на Регистерот на обврзници за плаќање на радиодифузна такса ги врши МРТ„. Поради ажурирањето на базата на податоци за обврзниците за радиодифузната такса кои произлегуваат од промените на имињата и броевите на улиците, Решенијата за радиодифузна такса за 8 и 9 месец 2012 година доцнат.

Доставувањето на овие решенија е во тек.

Почитувани граѓани, доколку поради воспоставувањето на нов Регистер на обврзници за радиодифузна такса се појават недоследности, неточни податоци, задолжување со повеќе решенија за едно семејно домаќинство, за сите исправки граѓаните можат своите барања во врска со решенијата за радиодифузната такса да ги достават по пошта на следнава адреса:

ЈП Македонска радио телевизија

Одделение за радиодифузна такса

Бул. Гоце Делчев бб

1000 Скопје          или

 

Да се јават на следниве телефони:

 

02 55 11 796

02 55 14 447

02 55 14 435

 

Граѓаните од Скопје можат и лично да се обратат на шалтерите за радиодифузна такса на влезот на Македонската радио телевизија.

Македонската радио телевизија им се извинува на граѓаните кај кои се појавени одредени пропусти во врска со решенијата за радиодифузната такса и се надева дека за настанатите пропусти во врска со новиот Регистер на обврзници за радиодифузна такса, граѓаните на Република Македонија ќе имаат разбирање.

Би можело да ве интересира

МТВ: Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел

(ВИДЕО) Каевски: Голем скандал, лажните анкети на МТВ се нарачани во штабот на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Стоилковски: Очајни дезинформации својствени за СДС, следат тужби за клевета и за фалсификат

Реакција на МРТ на обвинувањата од СДСМ

Ковачевски: Анкетите на МТВ нè потсетуваат како изгледаа медиумите до 2016 година

Македонија нема да има претставник на Евросонг во Малме

A1on