Во чест на Бјанки, бројот 17 повлечен од Формула 1

Од:

Светската автомобилска федерација (ФИА) одлучи болидот со број 17 веќе да не се користи на трките во Формула 1, во спомен на трагично починатиот Жил Бјанки.

ФИА одлучи да го повлече болидот со бројот што го носеше Бјанки во 2014 година.

– Иако секој возач сам го избира бројот на својот болид, ФИА одлучи да го повлече болидот со број 17. Отсега овој број веќе нема да се користи на трките во Формула 1, се вели во соопштението на ФИА.

Жил Бјанки го користеше бројот 17 на петнаесет трки во Формула 1, пред да настрада на патеката „Сузука“ во Јапонија, каде што по судир со булдожер падна во кома.

Бјанки почина во болница во Ница по девет месеци поминати во кома на 18 јули годинава.

Би можело да ве интересира

Формула не памети ваков рефлекс: Младиот возач избегна трагедија со чудесен маневар

Предраг Петровиќ

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он