Либиски воен авион нападна и потопи брод во близина на источниот град Бенгази, соопшти портпаролот на либиските воздушни сили, придружени кон меѓународно признатата влада.
– Бродот е потопен бидејќи бил полн со борци, оружје и муниција, како поддршка за терористи во источниот дел на земјата, изјави портпаролот Насер ал Хаси.
Засега нема информации од независни извори за нападот во близина на Марес, за кој јави телевизиската мрежа Ал Арабија.