Полнет венец

Од:

Подгответе ја оваа декоративна погача во облик на венец …

Потребно е:
20 гр свеж квасец
700 гр меко брашно
60 гр растопен путер
1 лажиче сол
1 лажиче шеќер
250 мл топло млеко
2 јајца

150 гр тврд кашкавал
250 гр чадена печеница
1 поголема кисела краставица
2-3 лажици кечап
црн и бел сусам, за посипување

Подготовка:
– Ставете го млекото во еден сад и додадете ги квасецот и шеќерот. Издробете го квасецот во млекото и измешајте. Садот ставете го на топло место и оставете го да нарасне.

– Во друг сад ставете го брашното и додадете ги стасаниот квасец, солта, 1 јајце и растопен путер. Замесете тесто и оставете го на топло место околу 45 минути, покриено со пластична фолија за да стаса. Потоа ставете го на набрашнета маса и со сукало развлечете го со димензии 50х30 см. Засечете го како на сликата.

Полнет венец1

– Кашкавалот изрендајте го на крупно ренде, а печеницата исецкајте ја на коцки. Киселата краставица исто така изрендајте ја.

– Средината на тестото премачкајте ја со кечап, а потоа распоредете ги печеницата, ренданиот кашкавал и краставичката.

– Засечените делови превиткајте ги наизменично како на сликата. Внимателно префрлете го во калап за печење како за куглоф. Тестото одозгора премачкајте го со разматено јајце и посипете со сусам.

– Ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 45 минути. Печениот венец оставете го да се излади во калапот, извадете го, исечете го на парчиња и послужете го.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска